Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ на 30 месецов ќе настапи на меѓународниот фестивал „Илинденски денови„ во Битола.
Ќе настапиме во етно - изворниот дел на фестивалот и ќе се претставиме со игри и песни од Куманово во придружба на оркестар со изворни народни инструменти. Илинденски денови е еден од најреномираните фестивали. Таму ќе бидеме еден ден, а утредента ќе искористиме можност да прошетаме во Охрид - вели Мирослав Крстевски, претседател на “Панче Пешев“.
Фестивалот Илинденски денови се оддржува по 43 пат. Превозот за играорците го обезбеди локалната самоуправа.