КУД “Панче Пешев“ ќе настапи во Делчево
18.10.2012 11:33
| KumanovoNews
КУД “Панче Пешев“ на 9 ноември ќе учествува на Регионални смотри во Делчево каде ќе се претстават десетина домашни ансамбли.

Ќе подготвиме две кореографии, и тоа една од кумановскиот регион, а друга од друг крај. Буквално ќе има ансамбли од пола Македонија. Најдобрите два или три ансамбли, оние кои жирито ќе ги одбере зависно од квалитетот, ќе одат на Републички смотри и ќе имаат можност да ја презентираат Македонија во странство - вели Мирослав Крстевски, директор на КУД“Панче Пешев“.
Регионалните смотри ги организира Сојуз на фолклорни ансамбли на Македонија.