КУД “Панче Пешев“ на регионална фолклорна смотра во Радовиш
17.10.2013 09:31
| KumanovoNews
Културно уметничкото друштво “Панче Пешев“ утре ќе учествува на регионална фолклорна смотра во Радовиш.

Учество ќе земат ансамбли од југоисточен дел на Македонијa, ќе се претстават 11 културно - уметнички друштва. Најдобрите два ансамбли ќе земат учество на републичка смотра која во ноември ќе се оддржи во Гевгелија. КУД “Панче Пешев“ ќе го претставува нашиот град- изјави Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на КУД „Панче Пешев“.
Регионалната фолклорна смотра е во организација на Сојуз на фоклорни ансамбли на Македонија каде Крстевски е генерален секретар.