Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секторот за култура и спорт до крајот на март ќе реализира неколку програмски содржини подржани од Советот на Куманово, и со тоа ќе го заврши првиот квартал од годишната програма.
-Денеска ќе се одржат традиционалните карадачки поетски средби на албански јазик, а во текот на месецот ќе се распише и меѓународниот конкурс за Мартовски есеј на Друштвото за наука и култура „Парадигма„, за кој резултатите ќе бидат објавени во јуни годинава.На 28 март го имаме натпреварување во аранжирање на икебани за празникот „Цветници„, а на 31 март, по 4 пат ќе се одржи Велигденски концерт во Соборниот храм „Свети Никола„- вели раководителот Жика Крстевски.
Со оваа манифестација завршува првиот квартал од годината, а веќе е испланирана програмата за следните месеци со многу побогати културни настани.