Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Незадоволството од поскапувањата на струјата, парното и нафтата, кумановци ќе го изразат на протест на Градскиот плоштад.
На фреквентните локации во градот веќе се излепени плакати на здружението„ Аман„ на кои се повикуваат граѓаните во вторник да дојдат на протестот во 18 часот.
По објавувањето на информацијата на Кумановоњус имаше голем интерес од граѓаните. Тие веднаш не контактираа на социјалните мрежи. Координативен состанок е оддржан вчера. Јас денеска попладне ќе знам точно кој е организаторот, но тоа е група на индивидуалци. Сега се прави национална мрежа. Идејата е секој град секој вторник да протестира се до исполнување на барањата - вели Александар Гочев, иницијатор на протестите.
Гочев истакна дека интерес за организирање на протести има во Тетово, Гостивар, Прилеп, а за Велес, Штип сеуште нема конкретни детаљи и допрва ќе се договара.
Симпатизерите на двете најголеми партии не губеле време и на плакатите во градот напишале навредливи пораки.