Кумановци ќе учат за млади лидери
18.08.2014 08:05
| KumanovoNews
Двајца кумановци ќе учествуваат на 5 - та по ред Школа за млади лидери во Охрид, која се одржува под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Вкупно 40 учесници на школата ќе имаат можност да слушаат предавања на околу 20 предавачи од Македонија, Европa, САД, Канада и Кина.
Програмата се состои од предавања и обуки од сферите на лидерството, менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни, професионални институции, менаџмент-симулации и практични лидерски вежби.