×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци фатени како крадат песок во Кратово

    29.05.2014 14:06 | KumanovoNews

    Двајца кумановци вчера се фатени додека со камиони додека недозволено превезувале песок во кратовско.

    Кумановци фатени како крадат песок во Кратово

    Во атарот на кратовско село Коњух, во место викано Кшла околу 19 часот Н.К.(33) и К.М.(67) со камиони со кумановски таблички недозволено превезувале песок без соодветна документација за возилата. Заради расчистување на случајот заедно со полицајците тргнале кон Полициска станица Кратово. Попат додека се движеле во колона, возачот Н.К. го искипал песокот од камионот пред полициското возило, по што преку ниви побегнало кон Куманово. Другиот возач со камионот бил одведен во Полициска станица Кратово.

    Полицајци од СВР Куманово го пронашле камионот со кој едниот од возачите избегал, и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за минерални суровини, а против возачот Н.К. ќе бидат поднесени и кривични пријави за предизвикување општа опасност и спречување на службено лице во превземање на службени дејствија.

    СВР Куманово против двајцата возачи има поднесувано кривични пријави за употреба на исправа со невистина содржина, а против Н.К. за измама.