×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци изработија 1000 визири за здравствените работници во регионот

    08.04.2020 10:10 | KumanovoNews

    Над 1.000 визири доби медицинскиот персонал во регионот од група ентузијасти од Куманово.

    Кумановци изработија 1000 визири за здравствените работници во регионот

    Станува збор за тим од 12 млади луѓе, кои со 12 машини за 3Д печатење веќе 15 дена неуморно работи и изработуваат заштитна опрема за потребите на  здравствените установи во нашата и соседните општини.        

    -  Досега дониравме во Општа болница Куманово околу 350 парчиња, над 100 на Здравствениот дом, 30 на Центарот за јавно здравје, 50 на болницата во Св. Николе, 20 во Кратово, 60 во Крива Паланка и на уште многу приватните здравствени установи по општа медицина. Останува уште само мал број што не се покриени, пред се приватните ординации од Кратово, Крива Паланка и Св. Николе, а примарна цел е да се снабдат со визири сите медицински установи низ земјава, - соопштуваат од тимот.

     Матерјалот за изработка на опремата се обезбедува по пат на донации од граѓаните и компании.

    Ги повикуваат сите здравствени установи кои имаат потреба од заштитна опрема визири, да се јават кај нив, со пополнување на формуларот:
    https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeixFnq9Sma1SoOu_6PmqjVnuk_JwAlMsN7XUNWgUcnc7Kn2w/viewform

    Тие се благодарни на интересот и поддршката коишто ги добиваат во огромен број на граѓани, а групата работи на волонтерска основа. Трошоците за потрошена електрична енергија ги покриваат сами, а одвоеното време со љубов го даруваат онаму кај што е најпотребно во оваа кризна состојба.

    Иницијативата за изработка на заштитна опрема со 3Д технологија започна од лекарите од болницата „8 Септември“, од Скопје, пред околу половина месец и многу брзо се рашири низ целата држава.