×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци ја негуваат хуманоста

    08.05.2012 10:53 | KumanovoNews

     На денешниот машр на хуманоста се приклучија голем број волонтери, ученици и наставници.

    Кумановци ја негуваат хуманоста

    Толпа од млади луѓе предпладне маршираше низ центарот на градот. Волонтерите носеа црвени елеци, а на нивните лица со црвена боја беше нацртан симболот на Црвен крст. Тие посакуваат во иднина да се развива мрежата на хумани луѓе кои ќе донираат време и пари за помош на оние на кои им е потребно.

    Денеска се одбележува раѓањето на Анри Динан, основачот на Црвениот крст. Се зголемува бројката и сега имаме над 50 волонтери. Некои се повеќе, други помалку активни. Од 7 до 27 се млади волонтери, но можат и постари да се вклучат. Кумановци генерално сакаат да донираат - вели Сања Стојмановска, координатор на млади во Крвен крст Куманово.

    На раскрсницата меѓу улиците Доне Божинов и Трета македонска ударна бригада беше исценирана сообраќајна несреќа со цел да се покаже како се укажува прва помош. Членовите на Црвен крст собирале добротворен прилог за помош на шестооделенецот Томица Стојковиќ низ училиштата, а истото го сторија и денеска на Градскиот плоштад. Беше организиран и хепенинг со неколку ритмички точки и хумористичен дел.

    Ние сме првпат тука. Со мене се дојдени децата од 4 одделение. Хуманоста како вредност секогаш се цени. Ние многу често собираме книги, облека, пари на ниво на училиште - изјави Билјана Иванова, одделенски наставник во ОУ„Кочо Рацин“.

    Црвениот крст како организација е основан во 1863 година на иницијатива на швајцарецот Анри Динан кој е прв добитник на Нобелова награда за мир.