Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци немаат навика да летуваат на планина, и најголем дел летниот одмор го поминуваат покрај вода, на море или езеро.
За нив чистиот планински воздух и планинарските домови не се предизвик.
“Преку лето претежно одам на море. Има луѓе кои одат на планина, но сепак се малку. Не сум летувала на планина, но баш би сакала да отидам на било која планина“- вели Ана Димковска.
Од Здружение спортско планинарски клуб “Козјак“ од Куманово, велат дека нивните членови, љубители на планинарењето одмараат на планина, но обично ги избираат планините во соседството.
“Повеќето кумановски планинари летуваат на Златибор, Копаоник, на Боровец во Бугарија, а помалку на нашите планини. Најверојатно така е заради подобрите услови кои им се нудат. Инаку децата летуваат на Пелистер и Јакупица“-вели Мартин Величковски, секретар во “Козјак“.
Планинарењето е спорт кој може да се практикува во летно време, а пешачењето на планина, го подобрува здравјето, го забавува стареењето и ја одржува кондицијата.