×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци од сите националности на Бадник во „Наце Буѓони“

    06.01.2016 13:50 | KumanovoNews

    Во средното училиште „Наце Буѓони“ денеска училишните тимови за безбедност од МВР, наставници, ученици и гости го прославија големиот христијански празник Бадник.

    Кумановци од сите националности на Бадник во „Наце Буѓони“

    Прославата е во рамки на проектот „Безбедни училишта“, кој го реализираат неколку години СВР Куманово и ОБСЕ во соработка со локалните самоуправи. За таа цел беа подготвени пити, риба, грав, овошје и други јадења кои се дел од празничната трпеза.

    Заедно ги славиме сите верски празници, на Македонците, Србите, Ромите, Албанците. Воопшто настојуваме сите активности заеднички да се подготвуваат. Учениците да учествуваат во многу работилници, во многу заеднички активности и на тој начин подобро да се запознаат меѓусебно. Кога ќе го запознаеш другиот ќе сфатиш колку тој всушност вреди, а не дали е припадник на одредена група или националност, па да имаме предрасуди и стереотипи - изјави Лидија Михајловска, директорка на „Наце Буѓони“.

    Свештеникот Игор Здравковски од Кумановско-осоговска епархија порача дека на овој ден членовите на семејството се собираат и во мир и хармонија, сплотено го поминуваат празникот.

    Заменик директорот на „Наце Буѓони“, Неџмедин Салии рече дека Куманово е пример за цела Македонија и тоа се гледа и од овој проект.

    Овој проект беше реализиран успешно, и преку нашите ученици и наставници можевме да ја претставиме нашата мултиетничка култура и позитивната соработка. Да се види дека во оваа држава може да се живее заедно - вели Салии.

    „Наце Буѓони“ по втор пат од почетокот на проектот е домаќин на прослава по повод верски празник. На прославата присуствуваше градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, градоначалникот на Липково, Садула Дураку и други гости.