×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци останаа верни на „Екста меин„

    04.11.2014 09:15 | KumanovoNews

     Кумановци останаа верни на “Екстра меин“, и покрај тврдењата дека во оваа фабрика за преработка на месо е пронајдена бактеријата листерија.

    Кумановци останаа верни на „Екста меин„

    По пауза од еден месец, пред дваесетина дена фабриката почна со редовното производство, а продавниците беа повторно отворени. Редовните муштерии се вратија, и без страв ги купуваат нивните производи, сигурни дека е  производител со проворен квалитет. Секојдневно во продавниците на „Екста меин„ се чека ред да се купи салама, вирши, шунка, колбаси, свински врат, сланина и многу други производи.

    “ Купувам од „Екстра меин„ затоа што имаат квалитетни производи, широк асортиман по пристапни цени. Не верувам дека во производите има листерија, бидејќи ако беше така, тогаш граѓаните на половина Куманово, Врање, Бујановац и Прешево досега ќе умреа.“- вели С.А..

     Во фабриката секој ден има ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство кој го проверува секој лот што ќе излезе од производството.

     „Екста меин„ важи за сериозна фирма која има долга традиција и квалитет во преработката на месо и месни производи. Покрај граѓаните на Куманово производите на „Екстра меин„ постојано ги купуваат и жителите на Јужна Србија.