×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци покажаа хуманост и донираа за поплавените

    02.06.2014 12:55 | KumanovoNews

    Над 1600 кумановски семејства, голем број фирми, навивачи, невладини организации, политички партии, училишта и граѓани од Куманово донирале за помош на поплавените подрачја во Србија и БИХ, соопштиа од координативното тело за помош на Србија и БИХ.

    Кумановци покажаа хуманост и донираа за поплавените

    Поголем дел од помошта веќе е испорачана до загрозените граѓани, а дел допрва ќе се испорача.

    - Два шелепера отидоа за Обреновац со 35,5 тони вода и 150 кг средства за лична хигиена, 400 парчиња заштитни маски за еднократна употреба, 250 пара нови  чевли. Првите два шлепера отидоа за Обреновац, а третиот кој се состоеше од вода отиде за Општина Јагодина. Средставата за транспортот за првите два  ги обезбеди општината и Советот на Општина Куманово, а за третиот месна заедница од Којнаре, но се вклучија и некои наши членови - изјави Александар Крстевски, претседател на координативно тело за помош на Србија и БИХ.

    Тие се заблагодарија за логистичката помош од Општина Куманово, “Водовод“, на сите кои се одзваа на повикот и помогнаа. Ветија дека на  волонтерите на Црвен Крст кои учествуваа во акцијата ќе им доделат благодарници.