Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од почетокот на годината 14 кумановци поднеле претставки за интернет злоупотреби до Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Од нив: 4 преставки се за хакирање профили, 9 за креирање профили со туѓо име и презиме и преземање фотографии без согласност, а се води и една кривична постапка за откривање на сторител кој на интернет објавил туѓи фотографии и видео снимка со спорна содржина.
Дирекцијата како орган кој се грижи за приватноста на граѓаните и заштита на личните податоци бележи зголемен број на интернет злоупотреби, хакирање лозинки и кориснички имиња, објавување на фотографии од ноќниот живот во градовите низ Македонија и слично. Злоупотребата на лични податоци освен со законот од овој домен е регулирана и со Кривичниот законик.