×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци протестираа против полициската бруталност

    08.05.2015 18:58 | KumanovoNews

    Неколку стотини кумановци попладнево протестираа против полициската бруталност и обидот , наводно, да се прикрие убиството на Мартин Нешковски од 2011 година.

    Кумановци протестираа против полициската бруталност

    Граѓаните организирани преку социјалните мрежи се собраа на Градскиот плоштад, од каде се упатија кон Полициската станица. Тие тврдат дека веруваат во веродостојноста на “бомбите“ кои ги објавува опозицијата и бараат министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска да си поднесе оставка.

    “Протестираме против насилството кое се случи на петти овој месец од страна на полициските службеници врз демонстрантите. Бараме оставка од министерката Јанкулоска и од целата Влдаа предводена од ВМРО-ДПМНЕ“- изјави Љуми Бекири, граѓанин.

    Повозрасните граѓани велат дека полицијата брутално се однесува, наместо да биде сервис на граѓаните. Демонстрантите се разочарани од последните случувања во земјава и од постапувањето на полицијата.

    “Полицијата секаде во Македонија напаѓа. Бараме Јанкулоска веднаш да си поднесе оставка, ако не сите ќе се собреме од цела Македонија и власта ќе ја урнеме. Доста е веќе. Се што објавува Заев е точно. Монтирани, лепени, креирани разговори, па ако е така нека направи и Јанкулоска нешто, нека монтира, креира. Уште има и ќе дојде крај за некој ден сигурно“ - рече Јован Јовановски, граѓанин.

    Протестот помина во мирна атмосфера и по еден час демонстрантите се разотидоа.