Кумановци се обиделе да украдат чанта од минувач
19.06.2013 13:04
| KumanovoNews
Двајца кумановци се обиделе да ограбат сограѓанин на улица во центарот на градот.

Инцидентот се случил во саботата навечер кога И.К.(38) и Т.П.(48) на улица “Илинденска„ го пресретнале М.Ј.(42) и еден од нив го напрскал со спреј по лицето. Потоа И.К. се обидел да му ја отргне чантата, но не успејал. Тогаш Т.П. физички го нападнал, удирајќи го со тупаници во пределот на грбот, по што без плен се дале во бегство. Истражен судија на пријавените им одредил мерка притвор во траење од по 30 дена.
Двајцата ќе одговараат за кривично дело „разбојништво во обид“.