×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци учат англиски и германски јазик

    19.08.2014 13:05 | KumanovoNews

    И оваа година граѓаните се фокусирани на изучување на англиски и германски јазик со цел полесно да дојдат до работа во странство, потврдуваат од школите за странски јазици.

    Кумановци учат англиски и германски јазик

    Во дел од училиштата во тек се уписите, и сопствениците велат, дека исто како и лани, и оваа година за двата јазика има најмногу ученици.

     “На прво место е англискиот, потоа германскиот јазик. За италијанскиот јазик опаѓа интересот, а за француски многу ретко некој се јавува да праша. Децата стандардно учат англиски јазик, а повозрасните учат англиски и германски, заради работа или судирање во странство. Тоа го прават од практични причини и не е веќе како порано да го учат јазикот само затоа што им се допаѓа “ велат од една школа за странски јазици.

    И во другите училишта потврдуваат дека возрасните посетуваат курсеви за странски јазици претежно за работа во странство.

      “Учат англиски, германски јазик има помала група, но има и луѓе кои се распрашуваат за албански или италијански јазик, бидејќи се надеваат на работа во Италија. Го учат оној јазик кој ќе им биде потребен од економски причини, за вработување или стипендија „ - кажа Емилија Стојановска, сопственик на училиште за странски јазици.

    По 15 септември училиштата за странски јазици ќе почнат со курсеви за јазици.