×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци за Нова година во Индија и Шри Ланка

    12.12.2013 14:29 | KumanovoNews

      Покрај во европските метрополи и туристичките центри во регионот, кумановци оваа година на новогодишен провод ќе одат и во азиските земји и на острови

    Кумановци за Нова година во Индија и Шри Ланка

    Се поголем број кумановци новогодишните празници ги поминуваат надвор од државата наместо дома и по градските кафеани. Најомилени дестинации им се европските метрополи и туристичките центри во регионот, но и познати егзотични дестинации и далечни земји. Според туристичките агенции оваа година најголем интерес имало за Париз, Истанбул, Прага, Будимпешта, Виена, Милано, Дубровник, Копаоник и Банско, но и за Индија, Шри Ланка и Дубаи. За подалечните дестинации резервациите се прават неколку месеци однапред.

    Наши сограѓани резервираа заминување и престој во Индија и Шри Ланка. Тоа се поспецифични аранжмани, бидејќи таму за пречек на Нова година можат да отпатуваат само двесетина луѓе од целата држава. Исто како и лани имаме голем интерес за Истанбул, Париз, а за во Банско уплатата е за 5 или 7 дена, бидејќи е доста ефтино. - вели Анита Петковска од “Травел Гејт“.

    Од туристичка агенција “Јоцо-Турс“ објаснуваат дека кај нив најмногу уплатени аранжмани има за Прага, Будимпешта и Виена. Тие сметаат дека голем дел од граѓаните во последен момент одлучуваат каде ќе ја поминат новогодишната ноќ и тогаш бираат од понудата.

    На новогодишен провод во Дубаи ќе одат повеќе граѓани преку агенцијата “Мар-Тео“. Предновогодишно од 23 декември имаат 50 отсто попуст.

    Кај нас најмногу ги бараат исто така Истанбул и Милано, бидејќи цените се поволни со авион. За разлика од лани, годинава повеќе се бара автобуски превоз, а не авионски. Има заинтересирани и за Софија, Дубровник, Будимпешта, Виена и секако Банско - рече Лидија Кузмановска, сопственик на “Мар-Тео“.

    Од домашните туристички места најатрактивни се Маврово и Берово, а слаб е интересот за Охрид. Дел од агенциите имаат понуди за дочек на Нова година во спа центар во Радовиш.