×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци за Нова година во туристичките центри и европските метрополи

    26.12.2014 09:02 | KumanovoNews

    Нова година дел од кумановци ќе пречекаат во европските метрополи Прага, Будимпешта, Париз, Виена, Софија, Атина, Истанбул и други градови.



    Кумановци за Нова година во туристичките центри и европските метрополи

    Голем број граѓани на Куманово за новогодишните празници ќе отпатуваат во туристичките центри во соседството или по европските метрополи. Од туристичките агенции велат дека оние со подлабок џеп бираат поатрактивни дестинации, а они со поскромен буџет заминуваат најчесто во соседните земји. Цените се различни зависно од далечината на дестинацијата, дали се патува со автобус или авион, бројот на ноќевања и самото хотелско сместување.

    “Највеќе интерес има за Банско, Боровец, цените се различни зависно  дали е хотелот со три или четири ѕвездички. Има ефтини, интересни понуди за Софија и за Драч, Албанија. Три ноќевања со новогодишна вечера во Драч чини 99 евра. Има и за Рим, Париз, но поретко бидејќи се тоа авионски патувања кои чинат поскапо“ - велат од “Деби Турс“.

    Од туристичка агенција “Мар-Тео“ најмногу аранжмани продале за  Банско, Будва, Копаоник.

    Цените се од 100 евра па нагоре. Од европските градови има интерес за Милано, Будимпешта, Рим, Париз, Азурен брег. Во однос на лани интересот е ист, ниту е драстично опаднат ниту е нагло зголемен. Клиентите чекаат последен момент за да резервираат, прво чекаат да видат кои тури се сигурни за да уплатат“ - велат од  туристичка агенција “Мар-Тео“.

    “Мерион Травел“ нуди аранжмани за подалечни дестинации во странство кои чинат над 100 евра, но има и ефтини понуди за дочек на Нова година во соседството.

    „За Софија не е скапо, има понуда за симболични 69 евра со две ноќевања. За Врање имаме превоз и дочек за една ноќ 49 евра. Лутраки во Грција со дочек, две ноќевања е 115 евра. Прага е 189 евра со три ноќевања, Сараево 105 евра со две ноќевања. Граѓаните повеќе сакаат да одат на зимување. Имаме доста аранжмани за по празниците и за зимскиот распуст„- изјави Мери Миновска од “Мерион Травел“.

    Од туристичка агенција “Травел Гејт“ велат дека најатрактивни дестинации за кумановци се Банско, Крушево, Виена, Будимпешта.

    “Цените се движат од 140 евра за три ноќевања па се до 200 евра. Тоа се однесува за Милано, Будимпешта, Истанбул. За Банско цените се исти како лани. За три ноќевања цена по лице во Банско е 169 евра. “Монтана“ Крушево имаат прифатливи цени„ - рекоа од “Травеј гејт“.

    Граѓаните кои нема да заминат, Нова година можат да ја дочекаат на Градскиот плоштад каде ќе пее група “Регина“.