×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци за празниците во Париз

    24.04.2013 14:42 | KumanovoNews

    Париз е омилена дестинација на кумановци за време на првомајските и велигденски празници.

    Кумановци за празниците во Париз

    Според информациите на туристичките агенции, оваа година има најголема заинтересираност за патување во градот на светлината.

    „Постои заинтересираност на граѓаните празниците да ги поминат надвор од Македонија. Најактуелна дестинација е Париз, како и Кападокија во Турција. Имаме авионски и автобуски програми. Традиционално има голема заинтересираност и за Крв и Банско. Цените се ниски и пристапни за сите граѓани. За во Македонија најбарано е Берово“ -изјавија од туристичката агенција „Гејт„.

     Аранжманите за туристичките места во Македонија се со пониски цени, но побарувачката е послаба.

    „Имаме повеќе аранжмани кои ги нудиме на граѓаните за велигденските и првомајските празници. Најбарани се Париз, Истамбул и Венеција. Станува збор за 5 дневни аранжмани. Граѓаните многу повеќе се заинтересирани  да патуваат во странство, отколку во Македонија.“-рекоа од туристичката агенција „Јоцо Турс„.

    Поклопувањето на празниците е една од причините која доведе да зголеми  бројот на граѓани кои сакаат да отпатуваат во странство и таму да ги прослават.

    Оние, пак што се со поплиток џеб, празниците ќе си ги поминат дома, на Студена вода или на излетничките места во градот.