Кумановци зеле 6000 евра за наводни вработувања во МВР
20.02.2014 16:03
| KumanovoNews
Ж.И.(54) и В.И.(42) од Куманово измамиле двајца сограѓани ветувајќи им вработување на нивните деца во Министерството за внатрешни работи.

Во текот на 2010 година тие ги излажале кумановците дека имаат врски во министерството и можат да средат нивните деца да добијат работа. За услугата побарале 6.000 евра. Откако ги добиле парите а не го исполниле ветувањето, измамниците биле пријавени во полиција.
Тие ќе одговараатза кривични дела “измама“ и “соизвршителство“.