Kумановец чувал дома пиштол и куршуми
29.05.2014 11:58
| KumanovoNews
Полицијата при претрес во домот на Р.Џ.(29) од Куманово пронашла пиштол и куршуми.

Р.Џ. недозволено држел 1 пиштол марка „ФН Бровинг“ кал. 7,65 мм. со рамка и 9 куршуми за него, како и 5 куршуми кал.7,62х25 мм. Полициски службеник при претрес на домот на пријавениот во март годинава го пронашол оружјето.
Против Р.Џ. полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „недозволено изработување,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.