Кумановец доби кривична пријава за бесправно градење
04.01.2016 14:24
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава за бесправно градење против Д.К.(31) од Куманово.

Тој иако знаел дека Н.Н. нема одобрение од ЕВН Македонија, незаконски поставил дрвени и бетонски столбови за довод на електрична енергија до неговото стовариште на улица „Индустриска“ за што наплатил 26.000 денари.