Мени

Кумановец добитник на награда од 20.000 денари преку „МојДДВ“

07.08.2020 09:30 | KumanovoNews

Кумановец е еден од 15-те најсреќни добитници на месечните награди од по 20 илјади денари преку наградната игра МојДДВ - МојаНаграда, која ја доби на јавно телевизиско извлекување.

Кумановец добитник на награда од 20.000 денари преку „МојДДВ“

Станува збор за Игор Кацар од Куманово, а награди добија и граѓани од Скопје,  Велес, Кавадарци,  Струмица,  Битола,  Крива Паланка и Прилеп.

Во останатите кола до крајот на годината, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Извлекувањето на втората главна премија, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари.