×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец фалсификувал диплома за да напредува на работа

    07.05.2020 21:24 | KumanovoNews

    СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановец,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.

    Кумановец фалсификувал диплома за да напредува на работа

    Пријавениот од 2010 бил вработен во јавно претпријатие со завршен трет степен средно образование за профил електромеханичар, за кое поседувал диплома, со цел да се унапреди во службата на работно место за кое бил потребен завршен четврти степен образование, набавил фалсификувана диплома за положен завршен испит за четврти степен стручно образование од образовен профил енергетичар во училиште во Скопје.

    Фалсификуваната диплома во 2016 ја приложил кај нотар од Куманово и во јавното претпријатие, а врз основа на истата бил склучен договор за вработување на пријавениот за работно место контролор.