Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета.
Несреќата се случила вчера во 13 часот, кога двајцата колеги имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни. При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата.
Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.