×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец и скопјанец украле лап топи од школото во Горно Којнаре

    01.12.2015 14:29 | KumanovoNews

    М.Ѓ.(18) од Куманово и Т.Д.(33) од Скопје се товарат дека украле лап топи од основното училиште “Браќа Рибар“ во село Горно Којнаре.

    Кумановец и скопјанец украле лап топи од школото во Горно Којнаре

    Тие со употреба на физичка сила и подесен алат извршиле тешка кражба во училиштето, при што одзеле 15 лап топи и 15 полначи. Со ова предизвикале штета во вредност од 99.000 денари, а  украдените лап топи и полначи ги скриле кај М.Д.(30) од Куманово, кој знаел дека предметите се украдени.

    Крадците ќе одговарат за сторено кривично дело тешка кражба, а М.Д. за прикривање.

    Полицијата поднесе кривични пријави за прикривање и против Д.С.(30), Ф.Д.(20), Н.Д.(29), М.С.(23), Си.И.(22) и Д.С.(33) сите од Куманово,  затоа што во септември годинава купиле лап топи иако знаеле дека се украдени.