Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Г.М.(46) од Куманово истепал возач на автобус од компанијата “Штуз“.
Тој на почетокот на месецов во место викано Бара околу 19.30 часот, со возило „Фолксваген Туарег“ му го попречил патот на автобус од компанијата “Штуз“. Потоа физички го нападнал возачот Б.С.(62) од Куманово удирајќи го по телото.
Против насилникот полицијата поднесе кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.