Кумановец нападнал битолчанка во зграда
20.11.2015 17:43
| KumanovoNews
Кумановец при крајот на септември годинава нападнал жена во Битола.

Додека В.Р.(40) од Битола околу 16.30 часот се враќала дома, во зградата каде живее ја поминал М.П.(30) од Куманово. Пред да влезе во станот М.П. ја притиснал до ѕидот и почнал да ја допира по интимните делови. Жената почнала да вика , по што М.П. побегнал.
Битолската полиција против него поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување.