×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец нападнат и прободен со остар предмет во раката

    01.06.2020 14:46 | KumanovoNews

    Во Полициската станица Куманово, ноќеска во 1 часот по полноќ,  М.Т.(28) од Куманово пријавил дека синоќа околу 23.30 часот бил физички нападнат од неколку лица кои ги познава, при што бил прободен со остар предмет на левата рака.

    Кумановец нападнат и прободен со остар предмет во раката

    Според пријавеното, додека тој бил во возило „бмв“ со неговиот пријател М.Д. од Куманово во близина на угостителски објект на бул.„Октомвриска Револуција“, им се доближиле лицата и физички го нападнале М.Т. Притоа еден од нив со остар предмет му нанел убодна рана на левата надлактица.

    Повредениот заминал во Кумановската болницата каде му е укажана лекарска помош.

    Во врска со настанот приведени биле А:Р.(32), Д.А.(19), А.Г.(27), М.З.(30) и Д.П.(26), сите од Куманово.

    По целосно документирање на случајот, СВР Куманово ќе поднесе соодветна пријава.