Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владимир Крстевски, претседател на Кинолошко друштво “Тумбак“ од Куманово ја напишал книгата “Македонскиот горостас Шарпалинец„, која е единствена по содржината за оваа раса на кучиња.
Книгата е издадена на три јазика, со што авторот го промовира Шарпланинецот како во Македонија така и во странство.
- Книгата е веќe распродадена, а се чита во Америка, Австралија, Европа. Ја купуваа кинолози и кинофили, луѓе кои сакаат кучиња, но не ги чуваат. Сите ја фалат дека е многу добра. Преведена е на три јазика, англиски, македонски и српско - хрватски јазик. Има информации за земјава, за тоа од каде потекнува расата Шарпланинец, кои земји од поранешна Југославија колкав број на кучиња имале. Опфатени се многу аргументи, податоци - вели Крстевски.
Авторот книгата ја подготвувал 4 години.