Кумановец од невнимание ја ранил сопругата со воздушна пушка
01.05.2023 09:56
| KumanovoNews
Во Полициска станица Куманово вчера 26-годишен кумановец пријавил дека несакајќи со возушна пушка ја повредил неговата сопруга.

Несреќата се случила завчера пред куќа во селото Војник, сопственост на негов пријател, при, според пријавеното, невнимателно ракување со воздушна пушка испукал дијабола и ја повредил во рака сопругата.
На повредената и била укажана лекарска помош во болницата „8-ми Септември“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.