Кумановец осомничен за киднапирање, физичко и сексуално насилство врз сограѓанин
Триесет и петгодишен кумановец е приведен под сомнение дека два дена противправно држел 36-годишен сограѓанин во својот дом, каде што вршел физичко и сексуално насилство врз него.
Според информациите од полицијата, осомничениот од 29 мај во 23:00 часот до 31 мај во 07:00 часот, без согласност и со употреба на сила, го задржувал во својот дом. Во тој период, како што е пријавено, повеќепати физички го нападнал, го принудувал на сексуални дејствија и на користење дрога.
При приведувањето, кај него биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
Осомничениот синоќа е приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.