×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец починал од ковид -19

    28.01.2025 09:15 | KumanovoNews

    Шеесетгодишен кумановец починал минатата недела од коронавирус. Според информациите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пациентот починал во болница, а имал примено две дози на вакцина.

     

    Кумановец починал од ковид -19

    „Во текот на минатата недела (20-26.01.), пријавено е едно починато лице асоцирано со ковид-19 од Куманово, на возраст над 60 години, вакцинирано против ковид-19 со 2 дози на вакцина. Последна доза пред повеќе од 3 години. Кај лицето се регистрирани коморбидитети, а е починато во болнички услови“, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во својот неделен извештај за периодот од 20 до 26 јануари.

    Минатата недела во лабораториите тестирани се вкупно 341 лице, а  регистриран e еден нов позитивeн случај, еден помалку во однос на минатата недела. Новозаболениот е од Струга.

    Од почетокот на годинава, заклучно со 26 јануари, регистрирани се вкупно 14 ковид-позитивни лица. Бројот на заболени во јануари е 2,3 пати поголем во однос на декември.

    (Фото. архива)