Кумановец ранет во рака
13.07.2014 12:49
| KumanovoNews
Едно лице е потешко повредено во вооружена престрелка што ноќеска се случила во близина на ресторанот Ексклузив во населбата „Гоце Делчев„.

Инцидентот се случил во 2.10 часот, кога три лица со пиштол испукале неколку куршуми кон З.Б.(34) од Куманово. При тоа го погодиле во левата подлактица. Повредениот е пренесен во кумановската болница каде му е укажана лекарска помош.
По преземените мерки дел од осомничените лица се приведени во Полициска станица, а по дел од нив се трага.
По целосно расчистување и документирање на слчајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.