Кумановец се обидел нелегално да внесе стари монети во земјата
26.12.2025 18:35
| KumanovoNews
Полициски службеници го привеле Ф.С.(39) од Куманово, вчера по 20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, поради тоа што поседувал стари монети.
При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.
„Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“, соопшти МВР.