Мени

Кумановец ѝ се заканувал на снаата дека ќе ја убие, отстранет од домот на 30 дена

21.05.2026 14:22 | KumanovoNews

Шеесет и едногодишен кумановец морал да го напушти домот, откако ѝ се заканувал на својата снаа дека ќе ја убие.

Кумановец ѝ се заканувал на снаата дека ќе ја убие, отстранет од домот на 30 дена

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л. (61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Н.Л. подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живеел во иста куќа, при што постојано ѝ упатувал закани дека ќе ја убие неа и сите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16 часот, во семејниот дом, повторно ѝ упатил закани по животот.

По предлог на СВР Куманово, Основниот суд во Куманово донел решение за итна мерка – отстранување од домот во времетраење од 30 дена.