Кумановец возел без возачка дозвола, полицијата му го одзела автомобилот
04.02.2026 11:05
| KumanovoNews
Триесет и едногодишен жител на Куманово останал без својот автомобил откако бил фатен додека го управува без положен возачки испит.
„На патниот правец Куманово – село Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи лишиле од слобода 31-годишен кумановец. При извршена сообраќајна контрола било сопрено патничко возило ‘Голф’ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возилото го управувал без положен возачки испит за Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото одземено“, информираат од МВР.