Мени

Кумановец возел со 3,08 промили алкохол во крвта, полицијата го привела

28.02.2026 18:11 | KumanovoNews

На локалниот пат Куманово – Речица, денеска во 15:30 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот го привела Б.Ц. (64) од Куманово, бидејќи управувал возило под дејство на алкохол.

Кумановец возел со 3,08 промили алкохол во крвта, полицијата го привела

„При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило ‘Фолксваген Поло’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц. По извршениот алкотест било констатирано дека возачот управувал моторно возило со 3,08 промили алкохол во крвта. Б.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.