Кумановец загина при судир на автомобил и камион
28.07.2025 14:26
| KumanovoNews
Во тешка сообраќајна несреќа на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, денеска напладне загина 71-годишен кумановeц, возач на автомобил.

„Во 13.00 часот било пријавено дека на во населба Карпош, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило "пежо", управувано од Б.С.(71) од Куманово. Од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, соопшти МВР.
Увидот на полициско судски екипи е во тек.
(фото: архива Кумановоњуз)