×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мирослав Трлин со иницијатива до Уставниот суд за одвојување на солидарниот фонд и задолжително плаќање на чланарина за пензионерите

    05.10.2023 11:32 | Оливера Пешевска

    Пензионерот Мирослав Трлин, дипл. економист од Куманово, поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување  на член 115 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кој предвидува запирање на дел од пензијата за обезбедување на средства за исплата на посмртна помош за членовите на неговото семејство, но и за членување во здружението на пензионерите.

    Мирослав Трлин со иницијатива до Уставниот суд  за одвојување на солидарниот фонд и задолжително плаќање на чланарина за пензионерите

    Трлин бара да се раздвои запирањето на дел од пензијата за солидарниот фонд или т.н. посмртна помош од задолжителната членарина, односно тие да бидат одделени и независни (неусловени) една од друга. Според него, најголем дел од пензионерите членуваат во здруженијата само за да обезбедат средства од солидарен фонд поради социјалната положба во која се наоѓаат.
     
     „Членувањето во граѓански здруженија е израз на слободна волја и убедување без условување и притисок. Методот на заобиколно зачленување без водење интерна документација во самите здруженија за членството и нејзино задолжително ажурирање на секои две години, без транспарентно работење и отчет за материјално-финансиско работење пред целокупното членство е доволно за сомнеж на законитоста во работењето и исполнувањето на наводните статутарни одредби во постигнувањето на целите за кои се формирани“, смета Трлин.

    Ова иницијатива има за цел  да го реорганизира самото пензионерско здружение, односно тоа да им припадне на пензионерите–членови кои би влегле во здружението по сопствена определба, одлучувајки слободно и доброволно.

    „Секое условување за членување во Здружението на пензионери како предуслов за уплаќање на средства во солидарниот фонд претставува  креирање на   ”пирамидална  организација”, која евидентно е организирана под раководство на поединци – моќници,  заинтересирани за извлекување на лична корист под плаштот на граѓанско здружение од јавен интерес. Преку 95% од т.н. членови немаат влијание, ниту увид каде, зошто и како се трошат средствата од чланарината, сето тоа спакувано преку важечкиот статут“, стои во образложението на  Мирослав Трлин до Уставниот суд.

    Конечната цел  на иницијативата, вели, не е да згаснат здруженија на пензионерите и  да се уништат позитивните работи докажани во пракса,  туку пензионерите да не бидат условени без своја волја да членуваат во здруженијата, кои ги посакуваат само како плаќачи на членарина, а не и како активни учесници во нивното работење. Тоа е евидентно и со статутарните одредби на најголем дел на општински организации кои предвидуваат дека „ Собирот на Огранокот на Здружението може да работи и полноважно да одлучува ако на него присуствуваат најмалку 10% од бројот на членови на огранокот. Доколку по истекот на половина час од закажаниот термин нема присуство од 10%, Собирот ќе работи и ќе одлучува со присутните на Собирот”.  

    Од тука, според подносителот Трлин, евидентно се гледа дека самата организација ни статутарно  нема интерес за масовноста во работењето и самата одредба дозволува манипулативно организирање и носење на одлуки во име на мнозинството.

    „Иницијативата има за цел да се намали фиктивниот број на членови во здруженијата,а вистинските членови  да почнат да работат во правец на менувањето на статутарната рамка за подемократско организирање, делување и  остварување со активно учество на најголем број на вистински, а не фиктивни членови“, посочува Трлин.

    Пензионерите кои ја поддржуваат иницијативата на Трлин, сметаат дека пензионерските здруженија имаат потреба од членови со интегритет кои размислуваат со своја глава и се борат за самото граѓанско здружение и неговото успешно работење, членови кои ќе бидат спремни за својот ангажман да не примаат финансиски паушали како надоместок за сработеното, кои ќе бидат пример за колегите пензионери во остварувањето на нивните економски, социјални о други интереси. И кои ќе бидат лобисти за носење закони за пензиско-инвалидско осигурување, креатори на подобар живот на луѓето од трето доба и  членови кои ќе се борат здруженијата да бидат во служба на пензионерите.