“Кумановка“ е против породилното да го исплаќаат фирмите
Организацијата на жени “Кумановка“ не се согласува со новиот предлог на Фондот за здравствено осигурување, кој предвидува фирмите да ги исплаќаат породилните надоместоци и боледувањето на жените.

Од организацијата сметаат дека со оваа реформа ќе бидат оштетени жените, кои и онака немаат рамноправна положба на пазарот на трудот.
„Сметаме дека ваквиот проект директно ќе придонесе за намалување на пристапот на жените до заработувачка и работните места, ќе доведе до зголемување на сиромаштијата на жените и нивната економска зависност. Ќе го огранични пристапот до правото на бременост и мајчинство, ќе ја зголеми несигурноста на работните места за жените. Ќе ја зголеми неактивноста на жените и ќе доведе до нивно дополнително исклучување од пазарот на труд“ - вели Виолета Петровска, претседател на “Кумановка“.
Петровска додава дека овој проект ќе ја зголеми родовата нееднаквост во Македонија.