Kумановка измамена за 165.000 денари со лажни ветувања за работа во Швајцарија
26.11.2025 10:44
| KumanovoNews
Дваесет и четиригодишна жена од Куманово вчера пријавила дека била измамена од жител на липковско село за сума од 165.000 денари.
Според пријавеното, во август 2024 година измамнинкот се понудил да и помогне за добивање работа во Швајцарија и побарал пари.
„Откако во декември 2024 оштетената му ги дала парите, повеќе не можела да стапи во контакт со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Куманово.

