Кумановка наградена со инжинерски прстен
16.06.2014 14:01
| KumanovoNews
Катерина Смиљковиќ од Куманово го доби признанието “Инженерски прстен 2014“.

Катерина завршила Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје и поради извонредните резултати се нашла меѓу 13 - те најдобри студенти од инженерските факултети на кои претседателот Ѓорѓе Иванов во Охрид им врачи награди.
Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ се одржува по 11-ти пат, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.