×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановка остана без работа по 7 години во Центарот за јавно здравје, не и го продолжиле договорот, вработиле друго лице

    01.10.2024 14:43 | Оливера Пешевска

    Кумановката Сашка Димковска, архиварка во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово, по речиси 7 години останала без работа затоа што не ѝ е продолжен договорот. Новиот в. д. директор Херолинд Сакипи ангажирал друго лице, кое претходно не работело во институцијата.

    Кумановка остана без работа по 7 години во Центарот за јавно здравје, не и го продолжиле договорот, вработиле друго лице

    „Новоназначениот директор не ме прими, да ми даде објаснување, едноставно да разговара со мене. Немам добиено никакво образложение ниту од раководителот на институцијата, ниту од правната служба, дури не ме побараа ниту да го раздолжам службениот телефон и картичката за евиденција на работното време“, објаснува Димковска.

    Таа вели дека на работното место била 6 години и 10 месеци, при што се ангажирала и повеќе од она што спаѓало во нејзини работни обврски, помагала во инвентаризација на магацинските залихи и во процесите на јавни набавки за центарот, токму поради познавањето на работниот процес. За себе тврди дека има висок степен на професионалност, но и колегијалност и дека со ниту еден од колегите не е во лоши меѓучовечки односи. Затоа и е нејасен потегот на директорот и луѓето од правната служба, смета дека заслужила барем човечки, коректен разговор.

    „Неколку пати барав да ме прими директорот Сакипи, се обраќаше и мојот сопруг, наидовме на непробоен ѕид од молчење.  На работа пружив најмногу што можев во последните речиси седум години, надевајќи се дека тоа што сум вредна и педантна се доволни препораки за стално вработување“, продолжува Сашка.

    Договорот за работа ѝ завршил на 30 август, по што ѝ било кажано да почека неколку дена да добијат насоки од Министерството за здравство бидејќи дошло до смена на власта, а во меѓувреме на нејзиното место била вработена друга жена – Албанка.

    Во официјалниот одговор на Центарот за јавно здравје стои дека за договор на дело потпишан од Димковска не е потребно образложение, затоа што самиот договор има времетраење до 30 август 2024 година. 

    „Од страна на директорот, на Сашка Димковска ѝ е пренесено дека во моментот кога ќе се обезбедат согласности од страна на надлежните министерства за објавување на оглас за вработување во ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово, Сашка Димковска како и сите граѓани на Република Северна Македонија може да аплицира и доколку ги исполнува условите за вработување и може да се вработи согласно законските процедури и прописи за вработување, а секако ќе се земе во предвид искуството и трудот што го има вложено во центарот“, велат од ЦЈЗ Куманово.

    Истовремено, напоменуваат дека  се прекинати сите огласи за вработување на неопределно време за 2024 година, се до следното известување. 

    Во однос на вработување на друго лице на нејзино место кое нема искуство, одговорот е дека според систематизацијата тоа работното место може да се пополни и без работно искуство.