Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Марија Зафировска, сопственичка на слаткарница “Зафир“ е прогласена за занаетчија на годината од Занаетчиската комора на Македонија, по повод Денови на занаетчиството.
Од “Зафир“ велат дека во досегашната работа добивале повеќе сертификати, признанија од невладини организации и од НАТО со кои соработувале, но последната награда е круна на нивната 25 годишна работа.
Ова признание е за Марија Зафировска и за континуитетот кој го оддржува фамилија Зафировски. Според она што вчера го кажаа во земјава има 5000 занаетчии, а ние ја добиваме наградата и тоа не е мала работа. Најголемата сатисфакција е плакетата, признание дека чесно, искрено и квалитетно сме работеле и затоа напредуваме. На почеток почнавме со една жена да работиме, а сега имаме 42 вработени, сите пријавени - изјави Драгољуб Зафировски, сопруг на наградената, кој вчера ја примил нагрдата во Скопје.
Од Занаетчиска комора на Македонија објаснуваат дека четврта година по ред се бира занаетчија на годината и за првпат е награден кумановски занаетчија.
Има 14 комори во Македонија, се дава предлог, се гласа и врз основа на тоа се бира најдобриот. Паралелно и Министерството за економија на истиот настан доделува награда - рече Весна Симова, претседател на комората.
На свеченоста присуствуваше министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, градоначалници и други видни личности од политичкиот живот во земјава.