×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановка заразена со коронавирус се породила на клиника во Скопје

    01.04.2020 12:02 | KumanovoNews

    Дваесет и седумгодишна кумановка, заразена од Ковид 19,  вчера се породила со царски рез на  Клиниката за гинеколошко акушерската клиника во Скопје.

    Кумановка заразена со коронавирус се породила на клиника во Скопје

    Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на одделот за интезнивна нега и терапија на ГАК. Новороденчето е изолирано и е во добра општа состојба, не е на респиратоена машина туку само е со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и ќе му биде направен тест на COVID-19,  сопштуваат од  ГАК.

    Жената при приемот била без покачена температура, но во својот исказ посочила дека пред три дена имала треска и се пожалила на сува кашлица.  Таа укажала и на тоа дека член на семејството има симптоми кои може да укажуваат на инфекција со Ковид 19.

    -  На пациентката освен комплетната лабораторија, земен и е и брис за COVID-19 чиј што резултат е стигнат на 31.03.2020, попладне во 18 часот и истиот е позитивен на вирусот, - соопштуваат од клиниката.

    На 31.03.2020 родилката почна да развива потешка клиничка слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

    Со пациентката било постапено според сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот.