×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе биде домаќин на „Гимназијада 2016“

    05.11.2015 09:56 | KumanovoNews

    Куманово во мај 2016 година ќе биде домаќин на спортската манифестација „Гимназијада“, беше кажано на вчерашната седница на Советот на општина Куманово.

    Куманово ќе биде домаќин на „Гимназијада 2016“

    Директорот на Општинскиот сојуз на спортови, Сашо Петрушевски рече дека ќе вложат напори оваа манифестација да биде организирана на највисоко ниво.

    Ние како Општински сојуз на спортови програмата ја прифатвиме и ќе покажаме уште еднаш дека сме спортски град - рече Петрушевски.

    Директорот на Гимназијата “Гоце Делчев“, Горан Димитријевиќ вели дека ова ќе биде голем настан, на кој ќе учествуваат ученици од повеќе градови од Македонија.

    Ќе се натпреваруваат учениците во сите можни спортови. Сите спортови кои се практикуваат на нашето поднебје, почнувајќи од кошарка, ракомет, фудбал, до тенис и ред други спортови. Ќе има натпреварувања во машка и женска конкуренција - изјави Димитријевиќ.

    Кумановските средношколци учествуваат редовно на „Гимназијада“, а во претходните години имаа и забележителни резултати.