Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Синодот на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија, на вечерашната седница одлучи полошко - кумановската епархија да ја подели на две, тетовско - гостиварска и кумановско - осоговска.
Кумановската епархија ќе биде со седиште во Куманово. Починатиот владика Кирил ќе добие двајца наследници, а се смета дека на ваков начин преку две одделни епархии црквата ќе биде поблиска до народот.
Кои великодостојници ќе застанат на чело на двете епархии, ќе се одлучува најверојатно во септември. Како најсериозни кандидати се споменуваат викарните епископи Јосиф Лешочки и Јосиф Велички.
Со поделбата на тетовско-кумановската, МПЦ ќе има 8 епархии во земјава и три во дијаспората.