×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе додели 300.000 денари помош на збратимениот Драч

    28.11.2019 15:22 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово, денеска на вонредна седница, одлучи да додели 300 илјади денари помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во збратимената општина Драч, Албанија.

    Куманово ќе додели 300.000 денари помош на збратимениот Драч

    Предлогот беше поддржан од советниците на власта и на опозицијата, кои изразија сочувство на семејствата на настраданите. Одвоените средства се од буџетот на Советот.

    Претседателката Атина Мургашанска, рече дека хуманоста не познава граници, а Куманово како традиционално докажана солидарна општина со висок степен на свест на нејзините жители, независно од верската, етничката и партиската припадност секогаш меѓу првите реагира и се огласува на повиците за помош.

    „Кога се работи за збратимена општина со која имаме традиционално добри односи и добра соработка имавме уште поголем мотив да помогнеме и да ја ублажиме болката на нашите пријатели. Свикавме вонредна седница на која едногласно ја изгласавме одлуката за доделување на извесни средства, кои ќе се искористат за набавка на хигиенски и други неопходни средства за потребите на настраданите во земјотресот“, - изјави Мургашанска.

    Советникот од ДУИ Фериз Дервиши, истакна дека Куманово има традиција да помага кога е најтешко и да се мобилизира да помогне, независно од етничката и верска припадност.

    „Сакам да упатам благодарност до советниците, но и до сите граѓани кои преземаа иницијатива и се организираа во собирање на помош и парични средства за настраданите, за да се излезе во пресрет на граѓаните кои поминуваа низ еден исклучително тежок период предизвикан од земјотресот во Албанија“, - изјави Дервиши.

     Дел од советниците реагираа дека износот од 5.000 евра е незначителен, на што претседателката објасни дека и во други случаи се одвојувале исти средства, кои се од буџетот на Советот, а не од Општината.   

    Таа  нагласи дека ова е прва помош што не значи дека во наредниот период нема да се издвојат дополнителни средства за таа намена.